Дома Фудбал Германија Вакво нешто не се гледа секој ден: Борусија Дортмунд уште еднаш докажа дека е голем клуб! (ФОТО)

Вакво нешто не се гледа секој ден: Борусија Дортмунд уште еднаш докажа дека е голем клуб! (ФОТО)

borusija

Седум дена после гостувањето во Дортмунд на навивачот на Бриж кој патуваше во Германија му стигна пакет кој уште еднаш ја докажува големината на Борусија Дортмунд.

Борусија Дортмунд вчера реагираше на веста на повредата на Невен Суботиќ и испрати порака до својот поранешен фудбалер, но приказната од Белгија е уште поголем доказ за големината на „милионерите“.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Минатата недела на „Вестфален“ гостуваше Клуб Бриж. Натпреварот беше завршен без победник, а навивачка на овој клуб си заминала дома разочарана бидејќи на стадионот го изгубила својот Ајфон.

Веднаш после доаѓањето во својот дом, таткото Клер Саим го блокирал телефонот и испратил порака дека е изгубен со податоци да го контактираат ако добијат некакви информации.

Трудот се исплател. Една недела после натпреварот во Дортмунд во неговото поштенско сандаче се најде пакект со црно-жолта боја на кој беше грбот на Борусија Дортмунд.

Борусија изгубениот телефон преку пошта го испратила во Белгија и им се заблагодариле на посетата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…