Дома Фудбал Вака „гореше“ Марсеј: Ниту полицијата не ги исплаши навивачите да се откажат од бруталниот напад на автобусот на Лион

Вака „гореше“ Марсеј: Ниту полицијата не ги исплаши навивачите да се откажат од бруталниот напад на автобусот на Лион

Навивачите на Олимпик од Марсеј го одбележаа, во најлоша можна смисла, дербито со Лион, бидејќи непосредно пред натпреварот го каменуваа автобусот на гостите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, меѓу навивачите на двата клуба владее голема нетрпеливост, а приврзаниците на Марсеј предизвикаа големи инциденти кога го демолираа автобусот на противничката екипа.

Тренерот на Лион, Фабио Гросо, кој седеше до прозорецот, помина најлошо.

Секако, натпреварот помеѓу двата тима не се одигра, а во текот на ноќта беа објавени низа видеа на кои се гледа сета бруталност на навивачите.

Така, се појави видео на кое се гледа како автобусот доаѓа кон Веледром, како и нападот. Кон возилото се фрлаа тврди предмети и факели, а на видеото се гледа дека автобусот бил под полициска придружба.

Органите на редот веднаш реагираа, но и не успеаја да ги исплашат и избркаат хулиганите и да ги спречат да го скршат со камења возилото на противничката екипа.

Погледнете како изгледаше нападот:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

САД со втора победа до следната фаза

САД забележа втора последователна победа на Светското првенство во фудбал, откако ја совла…