Дома Фудбал Англија Важна победа на Ливерпул, деби гол за Бајчетиќ🎥

Важна победа на Ливерпул, деби гол за Бајчетиќ🎥

Ливерпул запиша важна победа на гостувањето кај Астон Вила со 1:3, која е трета победа по ред за „црвените“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените“ одлично го започнаа мечот и од самиот старт покажаа дека се дојдени по трите бода.

Уште во 5-та минута Робертсон доби фантастична топка од Александар Арнолд и му асистираше на Салах за 1:0. Ова беше 54-та асистенција за Робертсон во Премиер лигата и со тоа стана рекордер.

На средината од првиот дел Ван Дајк зголеми на 2:0 и со тој резултат се замина на полувреме.

Астон Вила одлично го започна второто полувреме, напаѓаше и создаваше шанси, па намали на 2:1 во 59-та минута со голот на Виткинс.

Во 81-та минута младиот Стефан Бајчетиќ со својот прв гол во Премиер лигата зголеми на 1:3 и стави точка на мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…