Дома Фудбал Англија Важен потпис во Челзи: Аспиликуета верен до 2022 година!

Важен потпис во Челзи: Аспиликуета верен до 2022 година!

Шпанскиот дефанзивец Цезар Аспиликуета официјално го продолжи договорот со Челзи и се обврза на верност до 2022 година.

Аспиликуета во 2012 година пристигна на „Стенфорд Бриџ“ од Марсеј, а изминатите години се етаблираше како еден од најважните фудбалери во тимот.

Шпанецот веќе има 298 настапи за „сините“, а денес стави потпис на нов договор до 2022 година, според кој ќе заработува 150.000 фунти неделно.

„Многу среќен што ја продолжив соработката со Челзи. Од моментот кога дојдов во клубот, ја чувствувам радоста и одговорноста да се игра за тимот. Се надевам во иднина ќе се случат нови големи нешта и ќе го вратиме Челзи каде што припаѓа“, изјави Аспиликуета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сиетл Саундерс во одлична форма пред дуелот со Њу Ингланд

Сиетл Саундерс се наоѓаат во одлична форма со осум натпревари без пораз, пред важниот дуел…