Тренерот на Унион Берлин направи голема грешка синоќа на натпреварот против Баерн во Минхен. Имено, Ненад Бјелица го удри играчот на Баерн, Лерој Сане.
Синоќа Баерн и Унион Берлин го одиграа последниот натпревар од 13. коло во германската Бундес лига, а домашната екипа славеше минимална победа од 1:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Гереро на самото отворање на вториот дел, оставајќи го Баерн во игра за титулата.
Натпреварот го одбележа потегот на тренерот на Унион Берлин, Ненад Бјелица, кој по кратка расправија го удри Сане во главата.
Лерој Сане дојде да ја собере топката во близина на клупата на Унион. Тогаш настана вистинска гужва.
Ненад Бјелица двапати го удри Лерој Сане во глава. Секако, потоа доби директен црвен картон.
Тренерот на Унион Берлин по натпреварот им се извини на своите играчи, но не и на Сане.
Бев во мојот простор, ја зедов топката и сакав да му ја дадам на Сане. Ме оттурна и јас така реагирав. Дојде во мојот простор да ме испровоцира“, изјави Бјелица.
По натпреварот скандалот го прокоментира и Тухел.
“Тешко е да го одбраниш по тоа што го направи. Подобро да не кажувам ништо за тоа. Не сакам да долевам масло на огнот”, беше јасен Тухел.