Дома Фудбал Лига на шампиони Буфон: Ќе се обидеме невозможното да го направиме возможно

Буфон: Ќе се обидеме невозможното да го направиме возможно

Доколку Јувентус не направи чудо и го надополни големото заостанување во утрешниот натпревар против Реал Мадрид, тој натпревар многу веројатно ќе биде последен за Буфон во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Буфон во својата кариера освои многу трофеи, но Лигата на шампионите остана негов неисполнет сон. На крајот на минатата сезона истакна дека ќе се обиде уште еднаш, но после поразот од 0:3 во првиот натпревар пред Буфон и соиграчите е тешка задача.

Иако Буфон јасно не кажа дека на крајот на оваа сезона ќе се повлече, неговата изјава најави дека тоа ќе биде така.

„За нас ова ќе биде екстремно комплициран тест, но ние мораме да се обидеме невозможното да го направиме возможно. Сакаме да видиме дали разликата во квалитет помеѓу нас и нив е така голема. Во Мадрид одиме да се бориме до крај“.

„Не знам дали ова ќе биде мојот последен натпревар во Лигата на шампионите, но кое дете не сонува за тоа да ја заврши кариерата во Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу?“, запраша легендарниот голман на крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…