Легендарнииот италијански голман, Џанлуиџи Буфон одговори на повикот на селекторот Ди Бијаџо и повторно ќе го носи репрезентативниот дрес.
Буфон се откажа од репрезентацијата после неуспехот за пласман на Светското првенство, а сега објасни зошто ја променил одлуката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Јас сум доследна личност со големо чувство на одговорност. Тоа е веќе доволно за да бидам присутен во репрезентацијата, а исто така, секогаш бев елемент кој ги обединуваше играчите и во националниот тим. Некои млади момци растат, некои стигнале да ја водат екипата и сите тие ќе добијат шанса“, изјави Буфон.
„Давид Астори е уште една од причините зошто сум овде и зошто го прифатив повикот“, додаде легендарниот голман.