Легендарниот Џиџи Буфон е разочаран поради првиот домашен пораз на Јувентус по долго време.
Јувентус во саботата со 2:1 беше поразен од Лацио, кој победата со два гола им ја донесе Имобиле, сега најдобриот стрелец во лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Повторно го измами судијата, како и во Суперкупот“, изјави Буфон за Имобиле, кој прво молчеше, а потоа и се насмеа.
Имобиле изнуди пенал по контакт со Буфон, па самиот го претвори во гол, а слична ситуација се случи и во Суперкупот на Италија, кога им побегна на одбраната на „Старата дама“, излезе еден на еден со Буфон, ја шутна топката покрај и потоа изнуди контакт за пенал.
Имобиле постигна веќе 11 гола и сосема сигурно дека ќе се бори за титулата најдобар стрелец, иако оваа сезона има пеколна конкуренција. Гол помалку од Имобиле има Диабала, додека Икарди има девет гола, а Џеко и Мертенс по седум. Зад нас се само осум кола, во следните 30 натпревари ќе има многу, многу возбудувања.