Италија во првиот натпревар по испаѓањето од квалификациите за Светското првенство против Шведска повторно загуби, во пријателскиот натпревар одигран во Манчестер подобра беше Аргенгина со 2:0.
Новиот пораз на Италијанците го коментираше легендарниот Буфон кој во тој натпревар се врати на голот, иако репрезентативната пензија веќе беше најавена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Можеше да заврши 0:0 или 1:1 или 2:2, но Аргентинците успешно ги реализираа своите шанси, а ние не. Италија е во фаза на реконструкција на екипата по испаѓањето во плеј-офот. Тоа е невообичаен момент во историјата, но и во друга ера и Италија и Аргентина би биле земји кои би можеле да играат полуфинале или пак финале на Светското првенство“, изјави голманот на Јуве и го откри својот фаворит за освојување на Светското првенство:
„Аргентина е дефинитивно меѓу главните фаворити, блиску се и Бразил, Германија и Шпанија. Па погледнете само каков потенијал имаат во нападот, а тука се и неколку добри дефанзивци“.