Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон изјави дека Јуве ја загубил својата ДНК со доаѓањето на Кристиано Роналдо во 2018 година.
Буфон кој помина 21 година во Јувентус, смета дека Роналдо е главниот виновник за падот на „бјанконерите“ оваа сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не можев да си ја објаснам елиминацијата од Ајакс во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Играв со Роналдо две години и имавме многу добри односи, но мислам дека ја загубивме нашата ДНК со него, која не разликуваше сите претходни години и што не носеше на патот до финалето на Лигата на шампионите во 2017 година“.
„Во 2017 година игравме во финалето на Лигата на шампионите и бевме тим полн со искуство, но уште поважно, бевме како една група. Имаше натпреварувачки дух во групата, а со доаѓањето на Роналдо го загубивме тоа“, изјави Буфон.