Дома Фудбал Бускетс: Не заслуживме пораз

Бускетс: Не заслуживме пораз

Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс смета дека резултатот во Ел Класико не ја дава вистинската слика на прикажаното.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид победи на Камп Ноу со 2:1, а Бускетс особено ја остакна играта на двајца фудбалери на „кралскиот“ клуб.

„Не мислам дека одигравме слаб меч, сметам дека поразот не е заслужен. Резултатот не одговара на покажаното“, изјави Бускетс.

„Знаевме дека ќе ни остават простор со топката, но со Винисиус и Родриго се многу брзи и ни правеа штета при контрите. Доста добро ги контролиравме, но доволно е еднаш да не го направите тоа и примате гол. Тоа менува се и комплетно го промени текот на мечот. Не заслуживме да загубиме, но таков е фудбалот“, додаде капитенот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…