Црвена ѕвезда доживеа домашен пораз од Будуќност со 75:79 во дербито на четвртото коло на АБА-лигата за веќе да нема непоразени тимови во регионалното натпреварување.
Во реприза од финишот на мечот против Жалгирис, Ѕвезда имаше шанса да го реши мечот во неизвесната завршница, но Фелдин промаши отворен кош, по што гостите ја потврдија победата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најефикасен кај Звезда беше Тејлор Рочести со 23 поени, а македонскиот репрезентативец Перо Антиќ одигра 15 минути од мечот и постигна само три поени откако беше исклучен, прво поради техничка, а потоа поради неспортска грешка.