Дома Фудбал Репрезентации Бугарски голман стана рекордер во европскиот фудбал

Бугарски голман стана рекордер во европскиот фудбал

Голманот на Славија од Софија, Георги Петков вчера собори рекорд во европскиот фудбал.

Бугарскиот голман се запиша во книгата на рекорди на европскиот фудбал! Овој голман застана на голот против Кипар (1:1) во рамките од Лигата на Нации и така стана најстариот голман кој настапил за една европската репрезентација во меѓународен натпревар.

Петков стана рекордер со 42 години, осум месеци и два дена.

Интересно е што овој натпревар за него беше прв после пауза од девет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Гатузо открива детали за кариерата: Светско првенство, Италија и Лацио

Генаро Гатузо зборува за Светското првенство 2006, краткиот престој како селектор на Итали…