Реал Мадрид имаше сезона за заборав во која остана без трофеи и поради „кралевите“ веќе ангажираа пет фудбалери на кои потрошија повеќе од 300 милиони евра.
Последен во низата засилувања на Реал Мадрид беше Флориан Менди, неговиот трансфер „кралевите“ го потврдија вчера.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За Реал веќе потпишаа: Родриго (45 милиони евра), Менди (48 милиони евра), Милитао (50 милиони евра), Јовиќ (60 милиони евра) и Азар (100 милиони евра).
И Реал сигурно нема тука да запре навивачите очекуваат најмалку уште двајца фудбалери, а еден од нив би требало да биде вистинска ѕвезда. Меѓутоа и со овие пет засилувања Реал веќе го подобри својот рекорд од 2009 година кога исто така во Мадрид се правеше реконструкција.
Тогаш Перез ги доведе: Роналдо (96 милиони евра), Кака (65 милиони евра), Карим Бензема (35 милиони евр), Чабио Алонсо (30 милиони евра), Раул Албиол (15 милиони евра), Негредо (5 милиони евра), Аребалоа (4 милиони евра) и Гранеро (4 милиони евра). Вкупно на овие засилувања клубот потроши 254 милиони евра што е скоро 50 помалку од сумата која досега ја потрошија „кралевите“ во овој преоден рок.
Според ова што го гледаме на стартот од преодниот рок како точни се покажуваат најавите од финишот на сезоната кога на големо медиумите во Шпанија пишуваа дека Перез ова лето ќе потроши 500 милиони евра на нови фудбалери.