Кошаркарите на Торонто синоќа во супер интересен натпревар го победија Далас со 123:120, а играч на вечерта повторно е неверојатниот Лука Дончиќ.
Лука игра фантастично во својата прва НБА сезона и веќе многу фанови на најдобрата лига на светот ги остави без текст. Словенецот од натпревар во натпревар игра се подобро и може да се каже дека за кратко време ќе биде еден од најважните кошаркари на Далас.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во поразот на својот тим Дончиќ одигра уште еден неверојатен натпревар и успеа да постави уште еден рекорд. Словенецот синоќа го запиша вториот трипл-дабл во оваа сезона и така од тронот го симна Леброн Џејмс.
Имено, Дончиќ стана најмладиот кошаркар во историјата кој остварил трипл-дабл со 30 поени и успеа да го надмине легендарниот Џејмс. Лука има 19 години, додека Леброн беше една година постар, кога во 2005. година успеа да дојде до овој рекорд.
Дончиќ натпреварот против Торонто го заврши со 35 поени, 12 скокови и 10 асистенции. Исто така, Дончиќ стана првиот тинејџер кој успеа да постигне трипл-дабл во својата прва НБА сезона.
? @luka7doncic (35 PTS, 12 REB, 10 AST) becomes the first teenager in @NBAHistory to record a 30-point triple-double! #NBARooks #MFFL pic.twitter.com/DoIZQXTU63
— NBA (@NBA) January 28, 2019