Дома Трансфер зона Брозовиќ може да направи шокантен трансфер

Брозовиќ може да направи шокантен трансфер

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер на лето е спремен да го продаде Марсело Брозовиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хрватот оваа сезона не е во добра форма и поради повреда често е надвор од терените. Тренерот Инзаги на неговата позиција го стави Чалханоглу, кој одлично го замени Брозовиќ.

Хрватот е еден од најплатените фудбалери во тимот, има договор до 2026 година, па Интер е спремен да го продаде на лето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека најсилен интерес за него покажува Јувентус, а и самиот Брозовиќ сака да остане во Италија.

Интер наводно нема проблем да го продаде Брозовиќ на големиот ривал доколку пристигне добра понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…