Дома Останати Британецот за формата Ѓоковиќ: Не сме сите Федерер

Британецот за формата Ѓоковиќ: Не сме сите Федерер

Новак Ѓоковиќ по операцијата се уште не може да се врати во препознатливата форма.

Формата на Ѓоковиќ ја прокоментира поранешниот британски тенисер, Грег Руседски.

„Не сум загрижен за Ѓоковиќ. Ќе се врати кога повторно ќе биде максимално физички и ментално спремен. Сега проблемот не е само ментален туку и физички. Го гледавме како се замара. Меѓутоа, потребно е време кога толку долг период ќе паузирате. Па, не сме сите Роџер Федерер“, изјави Руседски.

Да потсетиме, Ѓоковиќ по опоравувањето на повредата на лактот се обиде да се врати на почетокот на 2018, но следуваше фијаско на Австралија Опен, како и на мастерсите во Индијан Велс и Мајами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познати се финалистите на УС Опен

Познати се финалистите на УС Опен во машка конкуренција – Александар Зверев и Бен Шелтон ќ…