Дома Останати Кошарка НБА Брилијантниот Дончиќ шутираше повеќе од било кога и го доведе Далас на чекор од изненадување!

Брилијантниот Дончиќ шутираше повеќе од било кога и го доведе Далас на чекор од изненадување!

Лука Дончиќ шутираше повеќе од било кога во кариерата, но се исплатеше. Постигна 42 поени и го одведе Далас до победа со 105:100 и водство од 3:2 во серијата против фаворитот ЛА Клиперси.

Откако Мавси поведоа со 2:0, Клиперси одговорија со две победи во Далас, но сега повторно ја испуштија предноста на домашниот терен. Дончиќ на патот до 42 поени, два помалку од рекордот на кариерата кој го постави во третиот натпревар стигна со шут 17/37 и тоа е најмногу што шутирал на неој натпревар во НБА. За три имаше учинок 6/12, слободни фрлања 2/3, а подели уште 14 асистенции и запиша осум скокови, една освоена и четири изгубени топки.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во останатите три натпревари кои се играа оваа ноќ сериите завршија со победи од 4:1. Јута го елиминираше Мемфис, Атлната Њујорк и Филделфија Вашингтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

УЕФА ја казни Барселона за натпреварот со ПСЖ

Екипата на Барселона е казнета поради расистичко однесување и други постапки на своите нав…