Искусниот чешки голман, Петар Чех најверојатно ќе го напушти Арсенал на крајот на сезоната.
Чех во последните неколку месеци брани во променлива форма, грешките станаа се почести и во раководството на Арсенал одлучија од лето да пронајдат нов голман.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што наведуваат англиските медиуми, новиот член на „Топчиите“ би можел да стане Словенецот, Јан Облак. Фантастичниот 25-годишниот чувар на мрежата веќе години наназад со доста успех брани за мадридски Атлетико и со своите одбрани привлекува големо внимание.
Тимот од „Емирати“ е еден од нив. Ќе се обиде да го донесе Облак во летниот преоден рок, па фантастичниот голман би можел од следната сезона да пристигне во Премиер лигата.
Порано интерес за Облак покажуваше и ПСЖ кој исто така бара голман и сигурно е дека Облак ќе биде на слатки маки, ако одлучи да го напушти Атлетико.
Договор со тимот од Мадрид има до летото 2021. година.