Барселона вчерашниот натпревар го започна без Лионел Меси, Валверде се одлучи да го одмори Аргентинецот.
Меси во игра влезе во 61-та минута кога Барселона веќе имаше предност од 0:2, резултат и со кој заврши натпреварот. Алавес се држеше до 55-тата минута, а тогаш во пет минути прими два гола.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Прво Карлос Алења погоди после една супер акција на Каталонците, а пет минути подоцна Суарез реализираше пенал.
При првиот гол и одличната акција на Каталонците учествуваа Сержи Роберто, Видал и стрелецот Алења. Големо внимание привлекува и мајсторското пропуштање на топката од страна на Уругваецот за својот помлад соиграч.