Филип Кузмановски од денеска и официјално е член на битолски Еурофарм Работник.

Тој со Металург спогодбено го раскинале договорот, кој му истекуваше на крајот од оваа сезона, односно во јуни 2019 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На денешната прес-конференција во пресрет на неделниот натпревар на Металург и Нексе, тренерот Данило Брестовац даде свое видување на одлуката на одличниот ракометар да си замине од Автокоманда.

Тој се договори со клубот, неговиот договор е раскинат, на обострано задоволство и сега јас ја почитувам неговата одлука и одлуката на клубот и не би имал што повеќе да кажам. Додека сум јас тука, ние еднаш разговаравме, ми ја објасни состојбата. Јас го подржувам, слободно може да си оди, а јас можам само да прокоментирам дали оваа одлука е добра за него или не… 

Искрено мое мислење е дека одлуката на Кузмановски не е добра за него. Затоа што тука има минутажа. Јас како Македонец го гледам ова од друг агол. Јас сакам тој да го покаже најдоброто светло на Светското првенство во Германија. Сакам да отиде таму максимално подготвен. Мислам дека вака ќе му биде тешко и ќе има недостиг на квалитетни натпревар. Е сега другата страна не сакам да ја коментирам. Во однос на спортскиот дел ми е навистина жал што нема да можам да работам со него во наредните 10 месеци. Мене ми е жал што нема да биде од оваа екипа, но тоа е животот, ја почитуваме одлуката, се договори со клубот, подадена е раката и мислам дека се беше фер од двете страни“, заврши Брестовац.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…