Дома Фудбал Англија Брентфорд ќе игра финале за влез во Премиер лига после 74 години!

Брентфорд ќе игра финале за влез во Премиер лига после 74 години!

Фудбалерите на Брентфорд се пласираа во плеј-оф финалето за влез во Премиер лигата откако го совладаа Борнемоут со 3:1 и двомечот го добија со вкупни 3:2.

Тргна овој натпревар во поинаква насока когап осле пет минути Данџума донесе предност на гостите кои во тој момент имаа два гола предност. Треба да се споменеме дека гол во гости во овие плеј-оф натпревари не се смета.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Потоа следуваше катастрофа за Борнемоут, а клучниот момент се случи во 28. минута кога стоперот Мепам заработи директен црвен картон. Мемап ризикуваше без потреба, соиграчите не му кажаа да вниманава од зад грб, тоа го искористи Ембуемо кој му ја украде топката, а Мепам го повлече за рака и го сруши.

Пред сето тоа Тонеј од пенал го изедначи резултатот. Во вториот дел следуваше голема иницијатива на тимот на Томас Франк, одбраната попушти во 50 минута кога Витали Жанлет погоди за 2:1. Конечните 3:1 ги постави Форс на десет минути пред крајот.

Реваншот од второто полуфинале се игра вечерва од 19:30 и во него Свонси има предност од 1:0 против Барсли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…