Фабрицио Де Јесус Бенегас од Костарика и Џамал Дикенс од Панама се двете нови засилувања за Брегалница.
21-годишниот Дикенс е централен дефанзивец, кој може да игра и на левата дефанзивна позиција, а во Брегалница доаѓа од редовите на Футбол Консултанс Декампаредос од шампионатот на Костарика, истиот клуб од каде доаѓа и Костариканецот Фабрицио Ванегас кој исто така денеска потпиша договор со Брегалница.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
24-годишниот Венегас ќе го засили офанзивниот среден ред и нападот на тимот и доаѓа од екипата на Футбол Консултанс Декампаредос од шампионатот на Костарика. Претходно во својата кариера има настапувано и за Санта Ана, исто така во костариканското првенство.
Претходно Брегалница се засили гоманот Мартин Давков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.