Фудбалерите на Брегалница заокружија повеќе од успешни десетдневни подготовки на Златибор, каде беа одиграни и четири квалитетни пријателски натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски може да биде задоволен од реализираното во српскиот подготвителен центар каде „сините“ запишаа три победи, против црногорските Морнар и Искра Даниловград, како и против српскиот прволигаш Бачка Паланка, и едно реми (2-2) со Графичар од Белград.
По вчерашната победа против Бачка Паланка од 2-1, „сината експедиција“ денеска се враќа во Штип.
„Може да искажеме задоволство од реализираните подготовки на Златибор каде имавме одлични услови за работа овозможени и од хотел ’Паласид’, согласно и препознатливото гостопримство. Пред тимот, по враќањето во Македонија, сега е финалната фаза од подготовките за новата сезона“ – вели извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев.
Брегалница низ последната фаза од подготовките ќе одигра и два пријателски натпревари, против Тиквеш на 28. јули, а генералката пред новата сезона ќе биде на 1. август против Силекс.