Овој јануари се споија фудбалските патишта на браќата Давид и Доријан Бабунски, двајцата се членови на унгарски Дебрецин и сонуваат да настапат со Македонија во Катар.
За еден месец Македонија ќе игра бараж за Светско првенство против Италија. Натпреварот е закажан за на 24. март во Палермо, а подобриот од овој дуел ќе оди во финале каде што ќе игра против победникот од натпреварот во Лисабон помеѓу Португалија и Турција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Доријан имаше одлична есен во Бугарија и во ноември за првпат доби повик од селекторот Благоја Милевски во „А“ репрезентацијата. Од друга страна Давид за Македонија дебитираше уште на 18 години кога репрезентацијата од селекторската позиција предводеше Чедомир Јаневски..
„Една од целите кои ги имаме поставено како заеднички е да бидеме селектирани во македонската репрезентација. Секако да напредуваме на фудбалски и на човечки план, да бидеме најдобрата верзија од нас“, изјави Давид.
„Најубаво би било за нас кога двајцата би го облекле дресот на Македонија на Мундијалот во Катар. До пласманот не чека многу тежок пат затоа што прво имаме пред нас една Италија, а потоа финале против Турција или Португалија…Но, не смееме да се откажеме, мораме да веруваме дека можеме“, додава Доријан.
Претходно Доријан и Давид немале прилика да бидат соиграчи во професионалната кариера, беа двајцата во Јапонија, но не во ист клуб.
„Искуството е одлично, не само настапотот на теренот, туку целата ситуација. Првото заедничко патување, цимери во хотелот…Мислам дека од деца не сме делеле иста соба, постојано сме биле разделени“, зборува Давид.