Eкипата на Брајтон зад себе има фантастична сезона во која се избори за настап во Лигата на Европа, а поради тоа овој клуб веднаш започна да се засилува.
Си замина Алексис Мекалистер кој потпиша за Ливерпул, а најверојатно скапо ќе биде продаден Мојсес Каиседо, но сега се засилија од Борусија Дортмунд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нов играч на англискиот премиерлигаш е Махмуд Дахуд, 27-годишниот фудбалер кој по потекло е Сириец помина седум години на „Вестфален“, а во Брајтон доаѓа како слободен играч.
Тој е трето засилување откако претходно пристигнаа Џејмс Милнер без оштета и Жоао Педро за кого платија 35 милиони евра на Вотфорд.
A message from Mo. 👋 @modahoud8 😁 pic.twitter.com/kLftCdyCD5
— Brighton & Hove Albion (@OfficialBHAFC) June 16, 2023