Дома Фудбал Англија Брајтон даде дозвола Челзи да преговара со Грем Потер

Брајтон даде дозвола Челзи да преговара со Грем Потер

Челзи денес му врачи отказ на Томас Тухел и сега е во потрага по нов тренер, а како фаворит се посочува Грем Потер од Брајтон.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Полседната информација од Островот е дека Брајтон му дал дозвола на „сините“ да започнат преговори со менаџерот, кој е под договор со клубот од 2025 година.

Наводно од Челси веќе стапиле во контакт со него, но на списокот има уште две имиња. Станува збор за Маурисио Покетино и Зинедин Зидан кои се слободни тренери во моментов.

Доколку постигнат договор со Потер, „сините“ ќе мора да платат одредена компензација на Брајтон за раскинување на договорот.

Потер го привлече вниманието на „сините“ со добрите резултати и атрактивниот стил на игра. Тој е на клупата на Брајтон од 2019 година и со него клубот ги имаше двете најдобри сезони во историјата на Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нагелсман сака да го врати Нојер во репрезентацијата, но утрово доби ужасни вести од Минхен

Нојер пред две години се повлече од германската репрезентација по Европското првенство и м…