Дома Фудбал Бразил со пресврт во финишот до победа против Колумбија 🎥

Бразил со пресврт во финишот до победа против Колумбија 🎥

Покрај Европското првенство тек е и Копа Америка.

Изминатата вечер во групата Б одличен натпревар одиграа Бразил и Колумбија а Бразилците после пресврт славеа со 2:1.

Водеше Колумбија од 10. минута со голот на Диаз, но во финишот Бразил дојде до целосен пресврт. Прво Фирмино во 78 минута изедначи на 1:1, а потоа Касемиро во третата минута од судиското продолжение погоди за победа на Бразил кој така стана третата селекција која го обезбеди пласманот во нокаут фазата.

Бразил е лидер во групата со девет бодови од три натпревари и го обезбедија четвртфиналето.

Вечерва продолжува Копа Америка со натпреварите од третото коло во групата А каде што се сретнуваат Боливија – Уругвај и Чиле – Парагвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…