Петкратниот светски шампион Бразил ќе бара нов селектор кој ќе го наследи Тите по Мундијалот во Катар.
Тите во гостувањето на „СпорТВ“ објави дека си заминува од фунцкијата на крајот на оваа година. На селекторската клупа на Бразил Тите е веќе шест години и во тој период освои една Копа Америка во 2019 година, а не се прослави на Мундијалот во Русија во 2018.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На минатогодишното издание во Копа Америка „кариоките“ беа поразени во финалето од Аргентина.
„Не сакам да лажам никого, нашата цел е самата завршица на СП во Катар. Во кариерата освоив се ми недостига само Мундијалот, а после него си заминувам“, изјави Тите.