Селекцијата на Бразил вечерва во последниот меч од групната фаза славеше во дуелот против Србија со 2:0.
Резултатот на мечот го отвоти Паулињо во 36. минута, по што Бразил со предност замина на полувреме. Силва го зголеми водството на Бразил во 68. минута, а до крајот Нејмар имаше фантастична можност која не ја искористи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во вториот и последен меч вечерва во рамки на групната фаза, Швајцарија и Костарика ремизираа 2:2, но резултатот беше поволен за Швајцарија која заедно со Бразил го обезбеди пласманот во осминафиналето.
Џемаили го отвори резултатот во 31. минута, па на полувреме се замина со резултат од 1:0. Во вториот дел беа постигнати три погодоци, Вастон израмни на 1:1 во 56. минута, а Дрмиќ за Швајцарија во 88. минута постигна погодок за водство и нови три бода. Сомер со автогол успеа да донесе конечни 2:2.