Дома Фудбал Репрезентации Бразилците загрижени, Нејмар го повреди коленото

Бразилците загрижени, Нејмар го повреди коленото

Нејмар почувствува болка во коленото и порано го напушти вчерашниот тренинг на бразилската репрезентација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се уште не е познато колку е сериозна повредата на Нејмар, но секако го загрижи селекторот Тите и сите Бразилци пред Копа Америка.

Турнирот започнува на 14. јули, можно е напаѓачот на ПСЖ до тогаш да биде подготвен, но за сега нема информации, па ќе мора да ги почекаме извештаите од лекарскиот тим во репрезентацијата.

Бразил има припреми во Рио де Женеиро, а Нејмар добар дел од претходната сезона го пропушти поради поврда и ова е нешто кое најмалку го посакуваше.

Минатата сезона Нејмар заработи две тешки повреди на стапалата, а овој турбулентен период беше пресуден Тите да му ја одзеде капитенската лента и истата да ја додели на Дани Алвес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Колумбиски репрезентативец пристигна во Јувентус

Одбранбениот играч на Болоња, Џон Лукуми пристигна во Торино за да ги заврши медицинските …