Дома Трансфер зона Бразилски агент: Реал Мадрид го сака Нејмар

Бразилски агент: Реал Мадрид го сака Нејмар

Познатиот бразилски агент, Вагнер Рибеиро откри дека Реал Мадрид е заинтересиран за Нејмар.

Рибериро порано го застапуваше Нејмар и откри дека имал средба пред една година со Флорентино Перез.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Неколку пати бев во Мадрид бидејќи претседателот на Реал Флорентино Перез имаше намера да го купи Нејмар. Минатата година во мај седевме во неговиот кабинет и ми кажа дека сака да го донесе Нејмар“, открива Рибеиро.

„И покрај се сметам дека Нејмар ќе остане во Париз ова лето, бидејќи пазарот многу се промени поради ситуацијата со пандемијата. Финансиската ситуација на клубовите во целиот свет се промени“, додаде бразилскиот агент.

Минатото лето Барселона направи неколку обиди да го врати Нејмар на „Камп Ноу“, но не успеа да најде заеднички јазик со ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…