Дома Фудбал Бразилецот раскажа како бил избркан од Барселона: Бев повреден, сакав да останам

Бразилецот раскажа како бил избркан од Барселона: Бев повреден, сакав да останам

Емерсон Ројал на почетокот на летото пристигна во Барселона, но во клубот остана само 40 дена.

Не е дека лошо се вклопи одигра три натпревари на стартот од сезоната и добро изгледаше на теренот. Но, изненадувачки во последниот ден од преодниот рок беше продаден во Тотенхем.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Разбирливо Емерсон останал разочаран.

„Сонував да играм за Барселона, како дете го гледав клубот поради Роналдињо, подоцна поради Меси, Алвес, Нејмар…Дани Алвес беше мојот идол и се надевав дека можам да бидам успешен како него во Барселона…Мислев дека клубот сака да останам затоа што во неделата играв со Гетафе. Другиот ден дојдов на тренинг и видов дека Тотенхем испратил понуда и клубот сакаше да ја прифати, не знаев зошто“.

„Ми кажаа дека финансиската ситуација не била добра и дека затоа мора да бидам продаден. Желбата моја беше да останам, меѓутоа сфатив дека такво нешто нема да биде можно. Бев повреден“, изјави младиот Бразилецот.

Барселона од продажбата на Емерсон доби 31 милион евра, а 51% од сумата заврши на сметката на Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…