Напаѓачот на бразилската фудбалска репрезентација, Матеус Куња утрово на социјалните мрежи објави фотографија на која можеше да се забележат лузни по неговиот врат, кои се како последица на еден старт на натпреварот меѓу Еквадор и Бразил (1-1) во квалификациите за Светското првенство (СП).
Натпреварот го одбележаа два гола, но и четири црвени картони од кои два беа поништени со ВАР-технологијата, но во 15. минута се случи можеби најопасниот старт на дуелот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Домаќините останаа без голманот Домингез, и тоа оправдано, откако тој жестоко со нога удри во вратот на Куња, а дека одлуката на судијата е добра покажуваат и фотографиите на социјалните мрежи.
Куња во шега кажа дека нема проблем со лузните, но како ќе ѝ објасни на сопругата што му се случило кога ќе дојде дома.
Ecuador’s goalkeeper playing real life Street Fighter with Matheus Cunha. pic.twitter.com/GOcJbVpUKK
— 101 Great Goals (@101greatgoals) January 27, 2022