Фудбалерот на Лацио, Фелипе Андерсон (31) беше „веќе виден“ како прво засилување на Јувентус на лето кога му истекува договорот со Римјаните, но од тоа нема да има ништо.
Бразилецот ја промени својата одлука која во медиумите беше претставена како „завршена работа“ и одлучи да се врати во татковината каде што ќе го носи дресот на Палмеирас.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Италијанските медиуми беа толку сигурни во неговиот договор со Јувентус што „Тутоспорт“ веќе ја подготви насловната страница за денеска со сликата на Андерсон и приказната дека тој ќе се пресели во Јувентус.
Сепак, на изненадување на сите, тој веќе потпиша договор со Палмеирас, кој ќе важи до 31 декември 2027 година, а причините за враќањето во Бразил наводно се од приватен карактер.
Андерсон два мандати го носеше дресот на Лацио. Во меѓувреме играше за Вест Хем и Порто. Претходно беше член на Сантос.
This is Tuttosport’s front page tomorrow 😭😭 pic.twitter.com/QmubPbtVEB
— Siavoush Fallahi (@SiavoushF) April 15, 2024