Работнички оствари важен триумф (0-2) над Пелистер на стартот на вториот дел од сезоната. Нашиот тим во финишот го скрши отпорот на домаќинот со головите на Анес Рушевиќ и на Марјан Ристовски.
Тренерот Борче Христов е задоволен од стартната победа во шампионатот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Знаевме дека не очекува тежок натпревар и противник кој ќе стори се за да остане непоразен. Влеговме психолошки подготвени дека ќе ја бараме победата до последен момент. Сакав да имаме контрола на играта и успеавме во тоа. Како што одминуваше времето го зголемувавме притисокот кон голот на Пелистер и на таков начин и дојдовме до двата гола. Можам да бидам задоволен од прикажаното на пролетната премиера, но тоа веднаш го оставаме зад нас и се подготвуваме за следниот меч, в недела на домашен терен го пречекуваме Шкупи. Ќе биде тоа еден сосема поинаков натпревар“, изјави шефот на стручниот штаб, Борче Христов.
Фото: ФК Работнички