Дома Трансфер зона Борусија ја одредила цената за Белингам – четири европски гиганти во трка за неговиот потпис

Борусија ја одредила цената за Белингам – четири европски гиганти во трка за неговиот потпис

Неколку европски гиганти во следниот период ќе се борат за потписот на 19-годишниот Џуд Белингам, кој игра за Борусија Дортмунд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германскиот тим бара 90 милиони евра за Белингам, а заинтересирани за него се Манчестер сити, Ливерпул, Челси, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Ливерпул смета дека е во најдобра позиција да го добие англискиот репрезентативец, но никој не треба да го отпише и Челси затоа што новиот газда Тод Боели нема да штеди пари.

Шпанските медиуми во претходните месеци шпекулираа дека Белингам ќе биде замена за Лука Модриќ во Реал Мадрид, а се очекуваат конкретни чекори и од шпанскиот шампион.

Белингам пристигна во Борусија пред две години за 25 милиони евра и сите ги воодушеви со неговите настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…