Хаким Зијех не е задоволен од својот статус во Челзи и ќе побара трансфер во јануари, пренесуваат медиумите на Островот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Зијех минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не се снајде во Премиер лигата, па Томас Тухел не смета сериозно на него.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат неколку европски клубови, а во моментов најсилен интерес покажува Борусија Дортмунд.




28-годишниот плејмејкер е голема желба на „милионерите“ и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.




Зијех сака да има поголема минутажа и во јануари сака да ја промени средината, а Дортмунд ќе се обиде да го донесе на позајмица со право на откуп.