Еден од дерби натпреварите на 4. коло во ЛШ ќе се игра во Дортмунд, каде Борусија ќе го пречека Интер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тоа ќе биде натпревар од големо значење за двата тима откако после три одиграни кола се на делба на втората позиција на табелата со по три бода.
Пред неполни две недели, Нероаѕурите во Милано славеа со 2:0, а Милионерите ќе се обидат со сите сили да се реваншираат.
Сепак, Борусија во овој натпревар нема да настапи со најсилниот состав откако на последниот тренинг тренерот го немаше на располагање можеби и својот најдобар играч.
Имено, последниот тренинг пред натпреварот го пропушти Марко Ројс и тешко е да се верува дека воопшто ќе заигра против италијанскиот тим.