Габонецот, Пјер-Емерик Обамејанг во следните неколку дена треба да стане член на Арсенал.
Одличниот напаѓач ги договорил сите услови околу трансферот со лондонскиот тим и тој во следните денови ќе потпише договор со „Топчиите“ во трансфер вреден 70 милиони евра. Борусија веќе почна да бара замена. Пронајдоја иделен играч за нивниот тим, а нов член на Дортмунд би требало да стане актуелниот играч на Челзи, Мичу Батшуаи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој 24-годишен фудбалер не добива премногу шанси за игра под водство на Конте. Веќе е одлучено дека тој може да го напушти тимот, се поврзуваше и со трансфер во Севиља, но на крајот најверојатно ќе заврши во Дортмунд. Белгијанецот се смета за одличен играч. Меѓутоа, вистинска шанса на „Стемфорд Бриџ“ не дочека, а ни останува да видиме што ќе се случи ако го облече дресот на Борусија.
Оваа сезона Батшуаи одигра вкупно 22 натпревари за „Сините“ во сите натпреварувања и постигна девет гола. Пред Челзи играше уште за Стандард и Марсеј.