Борусија Дортмунд нема да го пушти својот играч за врска Џуд Белингем за помалку од 120.000.000 евра, пренесува германски „Билд“.
Следен кој ќе ја наполни касата на Борусија Дортмунд изгледа ќе биде Џуд Белингам. Англискиот играч за врска кој израсна во Бирмингем би требало да има значајна улога во следната сезона на „милионерите“, а потоа од него германскиот гигант може одлично да заработи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ливерпул повеќе не крие дека им се допаѓа Џуд Белингем. Јирген Клоп во неколку наврати зборуваше за снеговите способности, а навивачите на „црвените“ го забележаа коментарот на Белингем за објавата на Џордан Хендерсон по повод интервјуто за клупската телевизија во претходните денови.
Секако тука е и Реал Мадрид, кој летово го победи Ливерпул, не само во Лигата на шампионите, туку и во трката за Орилиен Чуамени, кого го „купија“ за 80.000.000 евра. Тешко е да се поверува дали ќе тргнат по Белингем сега кога ги имаат Камавинга, Чуамени и Валверде, но тоа е Реал …
Во секој случај, кој го сака ќе треба да плати 120.000.000 европски банкноти, а Борусија ќе има нето плата од 95.000.000 откако е донесен за 25 години.