Раководството на Борисија Дортмунд нема намера да се раздели со младата ѕвезда Џејдон Санчо и нема ни да ги разгледува понудите кои ќе пристигнат за него, пренесува „Скај Спорт“.
Санчо минатиот месец потпиша договор со „милионерите“, а во договорот на играчот нема откупна клаузула. 18-годишниот крилен напаѓач пристигна во Борусија од Манчестер Сити за само 8 милиони фунти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Санчо со своите фантастични партии во жолтиот дрес се етаблираше во еден од најперспективните млади фудбалери и го привлече вниманието на голем број европски гиганти.
Премиерлигашите и ПСЖ се спремни да платат богатство за младиот Англичанец, но „милионерите“ се спремни да ги освијат сите понуди.
Санчо минатиот месец дебитираше за англиската репрезентација, а оваа сезона на 12 меча постигна 5 гола и запиша 7 асистенции.