Дома Македонски спорт Мак ракомет Борко Ристовски се враќа во Вардар!?

Борко Ристовски се враќа во Вардар!?

Европскиот и македонски шампион Вардар поминува низ лош период, па многу ракометари веќе го напуштаат клубот поради лошата финансиска ситуација.

Од раководството на „црвено-црните“ најавија доаѓање на нови ракометари со цел да биде успешно завршена сезона, а прв на листата е долгогодишниот прв голман на македонската репрезентација, Борко Ристовски.

Ристовски има договор со Бенфика до 2021 година, но Вардар веќе испратил понуда и сега преговара со португалскиот гигант за предвремено раскинување на соработката.

Најверојатно тоа е и причината поради која македонскиот голман не бранеше за Бенфика во последните натпревари.

Доколку Борко направи „камбек“ во Вардар, тоа може да биде знак дека контролата на клубот ја презема Михајло Михајловски, кој е во одлични односи со голманот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миленковска од седмерец го реши дербито: Вардар со пресврт до 30:29

Вардар надомести три гола негатива на паузата и славеше против Ѓорче Петров МРК. Миленковс…