Дома Фудбал Борецот Михајловиќ од болница директно на тренинг (фото)

Борецот Михајловиќ од болница директно на тренинг (фото)

Синиша Михајловиќ вчера беше пуштен од болницата после третиот циклус од хемотерапијата, а веќе денес се појави во тренинг центарот на Болоња.

Михајловиќ последен пат беше со својата екипа уште на мечот со Јувентус, а денес дојде да го води тренингот во тренинг кампот.

„Шефот се врати каде што припаѓа“, објавија од Болоња на Твитер.

Михајловиќ во наредните два-три дена ќе биде со тимот, но тешко дека во недела на мечот против Парма ќе биде стадионот. Сепак, медиумите пренесуваат дека Србинот е спремен во иднина да им се врати на секојдневните обврски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем повторно го мерка Гуири, но прво мора да ослободи место во нападот

Амин Гуири останува опција за Тотенхем во јануари, но евентуалното заминување на Ришарлисо…