Елиминацијата од Македонија донесе бурни реакции во италијанската јавноста, сега неколку дена подоцна со ладна глава на оваа тема зборуваше стоперот на Јувентус Леонардо Бонучи.
Во италијанските медиуми веќе е најавено дека Џорџо Киелини се повлекува од националниот дрес на крајот на оваа сезона, но Бонучи нема таква намера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не знам какви се плановите на Киелини, но јас имам желба да продолжам и да бидам лидер на младите фудбалери кои го носат овој дрес. Првите 48 часа по елиминацијата беа навистина тешки. Најтешкиот дел беше да се мотивираат младите да кренат глава и да продолжат. Им зборувавме дкеа имаат неколку првенства пред нив и дека мораат да мислат на нас. Со нив разговараше и селекторот, така се стави точка на минатото, иднината е пред нас и ќе мораме да почнеме одново да се вратиме каде што припаѓаме“, изјави Бонучи.
Италијанците утре ги очекува натпреварот против Турција кој е натпревар на поразените од пле-офот и нема некакво посебно значење.