Дома Трансфер зона Бонучи донел одлука!

Бонучи донел одлука!

Италијанскиот репрезентативец донел одлука за продолжување на кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатото лето Леонардо Бонучи изненади многумина кога Јувентус го замени со Милан, каде што веднаш ја доби капитенската лента, но во првата сезона немаше премногу успех.

Сепак, Леонардо Бонучи се надева дека во наредната сезона со „росонерите“ ќе има многу подобри резултати и одлучи да остане во клубот и покрај интересот на бројни клубови.

Во текот на вчерашниот ден се појави вест дека Пари Сен Жермен сака да го доведе Бонучи на „Паркот на принцовите“, како и дека Милан одбил понуда од 58 милиони евра за неговите услуги, а сега е јасно и дека во наредната сезона ќе го гледаме на „Сан Сиро“.

Во сезоната која е зад нас италијанскиот репрезентативец запиша 35 настапи во Серија А и постигна два гола, еден токму против својот поранешен клуб, Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…