Леонардо Бонучи би можел по само една сезона да го напушти Милан.
Иако Росонерите минатото лето на големиот ривал Јувентус го платија 42 милиони евра, денешното издание на „Tuttosport“ тврди дека 31-годишниот стопер добил нова понуда која тешко ќе може да ја одбие.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За неговите услуги заинтересиран е Манчестер Јунајтед. Тренерот на „Црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо искусниот Италијанец го гледа како идеално засилување во дефанзивната линија. Сигурно дека понудата од „Олд Трафорд“ ќе биде многу поголема од 42 милиони евра, доколку сакаат да го ангажираат Бонучи бидејќи Росонерите ќе сакаат да профитираат.
Претходно искусниот дефанзивец се поврзуваше со Челзи и Реал Мадрид, но тој не сакаше да ја напушти Италја поради болеста на најмладиот син. Сепак, по закрепнувањето сега Премиер лигата повторно е опција, а понуда од Манчестер Јунајтед тешко се одбива.