Манчестер Јунајтед на лето е спремен да направи „бум“ на трансфер пазарот и ќе има голем буџет за трансфери.
„Скај Спорт“ пренесува дека главна мета на „црвените ѓаволи“ е напаѓачот на Тотенхем и англиската репрезентација Хари Кејн.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кејн е прв избор на Тен Хаг, а „ѓаволите“ се спремни да понудат 100 милиони фунти за неговиот потпис.
Кејн пред две години беше на чекор од трансфер во Манчестер Сити, но тогаш „спарси“ за неговата слобода бараа 150 милиони фунти.
Меѓутоа, Кејн се уште не ставил потпис на нов договор, а Јунајтед е спремен да му понуди многу повисока плата.
Поради тоа Тотенхем ќе биде приморан да ја прифати понудата, особено ако не избори пласман во Лигата на шампиони.
Manchester United are plotting a summer move for Harry Kane 👀🔴
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) January 10, 2023