Дома Трансфер зона БОМБА: Реал подготви 100 милиони евра плус Родригез за ѕвездата на Челзи

БОМБА: Реал подготви 100 милиони евра плус Родригез за ѕвездата на Челзи

Реал Мадрид подготви фронтален напад на ѕвездата на Челзи.

Според пишувањето на шпанските и англиските медиуми, Мадриѓаните планираат да испратат богата понуда за играчот на Челзи, Н`Голо Канте. Не е тајна дека тренерот на Реал, Зидан го обожава Канте и дека сака да го види во белиот дрес, а Реал е подготвен да ја исполни желбата на својот тренер: 100 милиони евра плус Хамес Родригез кого го проценува на 60 милиони.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тоа е вкупно 160 милиони евра, точно колку што Челзи бара за Канте, но останува да се види дали двата клуба ќе успеа да се договорат, но и дали клубт од „Стемфорд Бриџ“ сака да го види Родригез во екипата. Ако до трансфер дојде, Канте ќе стане убедливо најскапиот играч од средината на теренот во светот. Во моментов тоа е Погба, кого Манчестер Јунајтед во 2016. година го врати од Јувентус за 105 милиони евра.

Од другата страна, Канте има договор со Челзи до 30. јуни 2023. година, а до сега за „Сините“ одигра 148 натпревари, постигна 10 гола и аситираше седум пати, иако е препознатлив по својата совршена дефанзивна игра на средината на теренот. Потсетуваме, Реал и Челзи долго време преговараа за трансферот на Азар, кој на крајот ова лето пристигна во Мадрид во трансфер вреден 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Не е само Трајков: Брера пред продажба и уште четири фудбалери за рекордна сума!

Тимот на Брера ја оствари целта која беше поставена и се избори за опстанок во најсилната …