Иднината на Килијан Мбапе во ПСЖ е неизвесна, па доколку Французинот не стави потпис на нов договор на лето ќе биде продаден.
Поради тоа „светците“ веќе почнаа да бараат негова замена, а прв на списокот е ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според „TF1“, 28-годишниот Египќанец треба да го замени Килијан Мбапе. Договорот на Мбапе со парижаните завршува во 2022 година, па многу веројатно тој ќе биде продаден ова лето.
Меѓутоа, Салах не е единствен бидејќи ПСЖ сака во своите редови да го донесе и Хари Кејн, кој би трабло да биде замена за Икарди.
Доколку Мбапе биде продаден на лето, францускиот клуб ќе има финансиска моќ да ги комплетира трансферите на двете ѕвезди од Премиер лигата.